Челзи вечерва го пречекува Брајтон во важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите, но прашање е дали „сините“ ќе сакаат да останат во Лигата на шампионите, бидејќи се согласија да бидат учесници во Суперлигата.

Лондонскиот клуб е еден од шесте англиски претставници во Суперлигата, што предизвика огромни реакции, главно негативни.По сите тие реакции и случувања ,денес со свој став излегоа и навивачите на „сините“ кои се едногласни во тоа дека не сакаат Суперлига  и се незадоволни од одлуката нивниот клуб да го подржи овој проект.

Тие решија да излезат на улиците пред вечерашниот натпревар со транспаренти и извици упатени против Суперлигата.