Навивачите на холандскиот Ден Хаг го прекинаа тренингот на екипата за да им дадат лекција на фудбалерите и тренерот Алан Пердју.

Навивачите се крајно незадоволни од резултатите на својата екипа и затоа влегоа во дискусија со Пердју и со фудбалерите околу тактиката.

По 24 кола, Ден Хаг е претпоследен во Ередивизија и е 6 бода далеку од местото кое обезбедува опстанок. Пардју ја води екипата од 24 декември 2019 година.