Рафа Бенитез е се поблизу до преземање на Евертон. Сопственикот на клубот, Фархад Мошири, закажа состанок со Шпанецот, на кој треба да се прецизираат деталите, да се постигне договор и да се пополни испразнетата клупа по заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Рафа Бенитез стана прв фаворит откако преговорите со Нуно Еспирито Сантo запреа, а не сите со нетрпение го очекуваат потенцијалното доаѓање на Шпанскиот стратег на „Гудисон“.

Приврзаниците на Евертон не можат да го преболат фактот дека Рафа Бенитез седеше на клупата на Ливерпул шест години. Шпанецот не е добредојден во Гудисон ако ги прашате оние најрадикални навивачи на „Карамелите“. Бидејќи Евертон е се поблизу до остварување соработка, а Рафа Бенитез до промоција, навивачите сакаат да им кажат на челните луѓе на клубот и Шпанецот што мислат за неговото доаѓање.

Навивачите висеа транспаренти пред стадионот, а само една во низата пораки со изразување незадоволство гласи: „Рафа, губи се“.

Рафа Бенитез ужива голема популарност кај навивачите на Ливерпул уште од култното финале во Истанбул и освојувањето на Лигата на шампионите, но Шпанецот очигледно не гледа проблем во седењето на клупата на „Карамелите“. Перцепцијата на навивачите на Евертон и Рафа Бенитез е сосема поинаква.