Вечерва сите очи на фудбалска Европа ќе бидат вперени кон Милано, каде ќе се игра градското дерби меѓу Интер и Милан.

И двете екипи имаат поседни мотиви, но се чини поголема имаат „нероаѕурите“ кои се во трка за шампионската титула. Нивните тифози денови наназад најавуваат спектакл, а колку се „загреани“ за вечерашниот меч може да се виде од следната фотографија. Тие се пред „Џузепе Меаца“ шест часа пред почетокот на мечот.