Откако Енд Вудворд потврди дека ќе го напушти клубот по фијаскоро со Суперлигата, навивачите на Манчестер Јунајтед паролите од социјалните мрежи ги пренесоа физички пред влезот на тренинг центарот Карингтон пред денешниот утрински тренинг.

Навивачите бараат клубот да биде продаден, поточно семејството Глејзер да го продаде управувачкиот пакет од акциите.

Неофицијално поради скандалозната одлука на Јунајтед се биде дел од Суперлигата, цената паднала за 12% а веќе има интерес за преземање на клубот, иако засега нема конкретни чекори по однос на тоа прашање.