Околу 200 навивачи на Манчестер Јунајтед се судрија со полицијата, имаше повредени на двете страни, еден полицаец за малку ќе го загубеше окото откако доби удар во главата со стаклено шише, но и полицијата била брутална.

Навивачите на Јунајтед протестираа пред дербито со Ливерпул, мечот не се одигра, Мирор објави ексклузивни фотографии од брутално полициско однесување кон еден навивач на клубот од Манчестер.

Според обвинувањето на навивачите на Јунајтед, полицајците претепале еден нивни член, се однесувале агресивно.

Полицаец повеќе пати го удрил навивачот додека лежел на земја, потоа го привеле и тој е однесен во полициска станица.