Новиот дрес и изглед на Манчестер Јунајтед денеска излезе на интернет, по кој навивачите се згрозени од дизајнот кој наликува на автобусно седиште.

Норвешката група „Буби Бебес Норж“ ги објави сликите и тие брзо беа споделени на повеќе социјални платформи, а тоа се дресовите со кои „црвените ѓаволи“ ќе играат наредната сезона.

На дресот се наоѓаат логата на „Адидас“ и „Шевролет“ , но дизајнот со црвено-жолти правогаолници наиде на серија негативни коментари од најверните фанови.