Тренерот на Келн, Ахим Бајерлорцер го објави списокот на играчи за утрешната средба од првата рунда во Купот на Германија со екипата на СВ Вин Вајсбаден.

Изненадувачки на листата го нема Дарко Чурлинов кој одигра извонредно на подготовките и постигна пет голови.

 

На социјалните мрежи „врие“ од коментари зошто во ростерот го нема  македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој станува омилен играч на навивачите на Келн.