Лидс го претрпе четвртиот пораз на последните пет натпревари во Чемпионшип лигата откако загуби од Нотингем Форест со 2:0 во 31 коло и значително си ги загрози шансите за првите две места на табелата кои водат директно во Премиер лигата.

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски одигра 71 минута за тимот на Биелса а по завршувањето на пресметката тој и голманот на белите, Франциско Касилја беа на удар на навивачите кои бараа од раководствот на клубот да направат сериозни промени во стартните 11 на следните натпревари.

На официјалната прес конференција, предводникот на Лидс, Марсело Биесла побара трпение и застана во одбрана на неговите играчи.

„Моите фудбалери заслужуваат да ги бранам. Притисок не чуствуваме затоа што ние сме професионалци. Знаеме што се случува кога нема успех. Навивачите бараат одговори на работи за кое во моментов немаме решение. Но ќе повторам, стојам зад сите мои играчи затоа што им верувам а не само затоа што на некој не им се допаѓаат во моментов.“ – изјави Биелса.

Лидс во следното коло ќе игра против Бренфорд, тим кој на последните пет натпревари освои 10 бода и ја подигна формата од почетокот на 2020 година.