Навивачите на Ливерпул го искажаа својот револт и незадоволство, по одлуката на клубот да се приклучи во новата Суперлига.

Оттаму, фановите на екипата од „Енфилд“, од стадионот ги повлекоа сите реквизити и транспаренти, кои беа поставени како знак на поддршка на екипата, за времето додека поради Ковид пандемијата не можеа да бидат присутни и да го бодрат својот тим.

 

Суперлигата за потсетување е нова идеја и проект за која интерес покажаа големите клубови од најголемите фудбалски лиги.

Но, на протести против ваквите одлуки на екипите покрај Ливерпул, повикаа и навивачите на Манчестер Сити и Арсенал, но и на дел од останатите европски гиганти.