Црвена Звезда и Олимпијакос утре на стадионот „Рајко Митиќ“ се среќаваат во второто коло во Лигата на шампионите.

Голем број на навивачи на Олимпијакос допатуваа уште денеска во Белград, пред пристигнувањето во главниот град на Србија, на автопатот создадоа голем хаос.

Колоната со автобуси од Грција застана пред влегувањето во Белград, дојде до голем застој, колони возила чекаа да заврши навиачкото лудило на подржувачите на Олимпијакос.