Арсенал го положи испитот, на „Емирати“ имаше 2000 навивачи на средбата со Рапид која „топџиите“ ја добија со 4-1 во Европа лигата.

Протоколот беше строг, но покажа дека е можно набрзо навивачите ќе се вратат на стадионите и за натпреварите во Премиер лигата.

Арсенал за прв пат играше на домашен терен со навивачи по март кога стадионите беа затворени за публика, причината е добро позната, пандемијата од коронавирусот „забрани“ публика.