Каква емоција е фудбалот можеме да видиме секој ден во многу примери, а последниот ни доаѓа од Сплит, каде по кампањата на фановите кои го повикаа најдобриот фудбалер на Хајдук, Марко Ливаја да остане на Пољуд и покрај богатите понуди кои ги имаше и успеаја во тоа, сега фановите покажуваат колку тоа им значи.

Одличниот Ливаја ги воодушеви сите во Хрватска, а посебно фановите на неговиот Хајдик со својата одлична пролет. Фудбалерот роден во Сплит на 15 натпревари во првенството постигна шест голови и подели седум асистенции, што на крајот го направи клучен играч за обезбедувања настап во Европа за Хајдук.

Навивачите на Хајдук како најзаслужна за останувањето на Ливала ја означија неговата сопруга Ирис Рајчиќ, сметајќи дека таа го наговорила да останат во Сплит откако им се родило второто дете. Рајчиќ по објавата дека Ливаја потпишал договор на Инстаграм објави фотографија од ќеркичката Елизабет во дрес на нејзиниот атко, а потоа на стори објави урнебесна објава од благодарност која ја добила од еден фан.

„Поздрав Ирис. Кога и да ти треба да оди некој до продавница слободно јави се. Ма што и да ти треба. Од средување кревет (сопругата работи собарка), до усисавање, па се до поправање машина, бојлер и слични работи. Во било кое доба од денот и ноќта. Дури можеш и мешу 14 и 17 часот без срам… Убав поздрав и секое добро… ШАМПИОНИ“– и напишал навивачот.