Бразилскиот фудбалер Нејмар, ќе патува со тимот на Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во Кина, потврдија од клубот на официјалниот Твитер профил.

Нејмар е во групата повикани фудбалери кои ќе патуваат на подготовки во Кина од 23-ти јули до 4-ти август.

Бразилецот не се појави на почетокот на подготовките со тимот бидејќи јавно призна дека сака да го напушти клубот.

За тоа доби финансиска казна од ПСЖ, па сега ќе мора да се приклучи на подготовките без да рече ни збор.

„Нејмар ќе биде со нас во авионот за Кина и ќе игра против Интер на 27 јули. Ќе почне да тренира утре со екипата. Денеска ги мина дополнителните тестови, а намерно не и се приклучи на екипата затоа што му дадовме една недела за да се врати во оптимална физичка форма“ објавија од клубот.