Бразилецот Нејмар ќе го пропушти и мечот со Тулус вечерва во Лига 1, тренерот на „светците“ Томас Тухел не го стави на листата за овој натпревар.

Нејмар не играше на првите три меча во првенството, ќе го прескокне  и овој во четвртото коло во кое ПСЖ го пречекува Тулус од 21 часот.

„Нејмар тренира одлично и ја подобрува формата, сепак ако статусот не му е решен во клубот, тој нема да игра“ – изјави Тухел на вчерашаната прес конференција.