Извесна е разделбата меѓу Нејмар  и ПСЖ, сега и официјално откако репрезентативецот на Бразил побарал да го напушти клубот, кратко по приклучувањето на подготовките.

Нејмар на подготовките задоцни седум дена, беше казнет со 400.000 евра, со тоа беше најавено дека нема „љубов“ во два правци.

Нејмар вчера ги мина лекарските прегледи и потоа се приклучи на тренизите, имал состанок со Леонардо и заклучокот е дека заминува од ПСЖ, сега е на потег Барселона.

Скај Спорт тврди дека Нејмар не кажал во кој клуб сака да замине , но извесно е тврди овој извор дека Бразилецот е на пат кон Барселона  од каде дојде во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.