Додека медиумите од Шпанија тврдат дека трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона најверојатно ќе пропадне, еден од спонзорите на Бразилецот објави фотографија на која напаѓачот го носи новиот дрес на „каталонците“.

Станива збор за брендот за часовници „ГаГа Милано“ кои на Инстаграм ја покренаа бурата рекации и шпекулации околу иднината на репрезентативецот на Бразил.

По низата кометари и споделувања, постот од Инстаграм беше избришан но прашањето останува, дали Нејмар од 2 септември и понатаму ќе го носи дресот на ПСЖ.