Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во оваа сезона има постигнато 11 голови во Бундес лигата и во моменот е прв стрелец.

Репрезентативецот на Полска има фантастична календарска година во која на 33 натпревари постигна 33 гола, со ова тој е на врвот на листата по ефикасност во Европа.

Следуваат Лионел Меси од Барселона и Кун Агуеро од Манчестер Сити. Изненадувачки меѓу водечката десетка се наоѓа и напаѓачот на Монако, Бен Једер.