Новиот првак во Серија А, Интер не ги израдува своите навивачи со дизајнот на дресот со кој ќе настапува на домашен терен во следната сезона.

Откако на интернет се појави изгледот на новиот дрес за сезоната 2021/2022 а неофицијално најавено е дека во јули ќе биде и официјално промовиран, навивачите реагираа на социјаллните мрежи незадоволни од изгледот, пред се од дезенот.