Шкендија брзо по само 180 минути ги заврши настапите во Европа сезонава на клупска сцена во Лигата на шампионите, во Скопје загуби од Номе Калју  со 1-2 со гол во 90 минута.

По првиот корнер за Номе Каљу, голманот на тетовскиот тим Костадин Захов „заплива“ во празно, а Уге со глава jа смести топката во голот во 6 минута од натпреварот за предност од 1-0 за гостинскиот тим.

На средината на второто полувреме а  на 1-1 изедначи Агим Ибраими од пенал во 62 минута. Кога сите очекуваа крај, Номе Каљу стрелаше вторпат во мрежата на Захов, по еден прекин во 91. минута, кој во гол го претвори Лилиу.