Италијанскиот прволигаш Удинезе одлучи да издвои фотографија од Несторовски со која ја објави денешната победа над Кјарлинс Музане од 7:0 на социјалните мрежи.

На ова, нашиот репрезентативец одговори со реобјава над која напиша: Процесот е во тек. Несторовски денеска постигна два гола во победата над нисколигашот.

Удинезе на 28 месецов ќе го пречека Милан во 1 коло од новата сезона во Серија А.