Напаѓачот на македонската репрезентација Илија Несторовски ќе ги напушти редовите на Удинезе, но ќе остане во Италија и ќе потпише за друга екипа од Серија А.

Информацијата вечерва ја објавија италијанските медиуми, повикувајќи се на извори во новиот калчолигаш Специја, клубот кој е заинтерсиран за Несторовски.

„Тутомеркатовеб“ објави дека Несторовски е подготвен да си замине од „Фриули“ во зимскиот преоден рок и да ја засили Специја, која интензивно бара засилување во нападот.

Несторовски дојде во Удинезе од Палермо во јули 2019, а сезонава беше стартер за Удинезе само еднаш, против Виченца во Купот, а во Серија А три пати влегуваше во игра од клупата за резерви.