Удинезе денеска го пречекува Интер во натпревар од 19 коло во Серија А со желба да ја прекине низата без победа во Италија а воедно и низата без триумф над тимот на Конте.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски повторно е најавен меѓу резервистите во составот на Готи. Откако го преседе на клупа дуелот со Аталанта кој заврши 1:1 во минатото коло, денеска очекува да добие барем триесетина минути против фаворитот.

Несторовски нема постигнато гол од 12 декември кога реализираше за победа прорив Торино од 3:2.