Хаосот во Палермо на финасиски план и ударите кои ги трпи од фудбалската федерација на Италија , значат заминување на многу играчи на тимот од Сицилија.

Илија Несторовски е еден од нив, македонскиот репрезентативец има понуди од клачолигаши но и од старнство. Последната надвор од Италија доаѓа од Олимпијакос, гигантот од Грција со понуда за нашиот репрезентативец.

Според “tuttomercatoweb.com” двобој се води меѓу Торино и Болоња за Неторовски кој извесно е ќе го напушти Палермо.