Илија Несторовски  ќе го започне натпреварот за Удинезе против Сампдорија од првата минута во Џенова.

Македонскиот репрезентативец е во почетниот состав за Удинезе кој очекува бодови од ова гостување во 13. коло.

Удинезе во моментов е на 11. место со 14 бодови, Сампдорија со 9 бода е на 18 позиција на табелата.

Средбата, Сампдорија – Удинезе започнува од 18 часот.