Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски и дефинитивно ќе го засили Удинезе. Поранешниот член на Палермо ќе потпише тригодишен договор а ќе заработува по 1 милион евра по сезона.

Ова го потврдија италијанските медиуми денеска откако техничкиот директор на Удинезе, Пирпаоло Марино потврди дека се чека на лекарските прегледи и официјализирање на соработката.

Несторовски остана без клуб откако Палермо беше казнет и преселен во Серија Д поради финансиски проблеми.