По шестмесечна пауза поради повреда, Илија Несторовски се врати во тренажен процес кај Удинезе, нема да игра викендов но македонскиот репрезентативец е среќен што полека но сигурно завршува кошмарниот период.

Несторовски се огласи на Фејсбук, вели дека не било лесно да се издржи целиот овој период.

„Поминаа 180 дена, со високо крената глава и упорност, не беше лесно да се надмине сè, но се справив со тоа на најдобар начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со решителноста да се вратам на теренот, благодарам на моето семејство кое секојдневно беше покрај мене! Би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал на Удинезе и на сите во клубот кои ми помогнаа за побрзо да сезакрепнам … Благодарам, Несторовски се врати“ – порача нашиот репрезентативец.