Лекарскиот тим на Олимпијакос брзо реагираше, откако беше потврдено дека сопственикот на клубот Евангелос Маринакис е позитивен на коронавирусот.

Рано утринава од тимот потврдија дека врз сите фудбалери и цел стручен штаб биле земени примероци, но веројатно никој не е позитивен на вирусот КОДИ-19.

Резултатите ќе ги знаеме за 24.часа. Сигирен сум дека никој не е заразен, но најдобро е да ги почекаме резултатите. Со газдата имавме контакт пред две седмици кога дојде да ни честита за победата над Арсенал“-изјави Лазар Ранѓеловиќ.