Јувентус и Сами Кедира дефинитивно ја завршуваат соработката, меѓутоа некогашниот германски репрезентативец нема повторно да замине во Шпанија, каде претходно со успех настапуваше за Реал Мадрид.

Виљареал сериозно загриза да го доведе, но до тоа не дојде бидејќи „Жолтата подморница“ не успеа да го продаде Кокелин и поради тоа трансферот на Кедира пробадна. Германскиот интернационалец претходно се поврзуваше и со трансфер во Премиер лигата.

Имаше Кедира и неколку опции за враќање во Бундес лигата и на крајот се одлучи за Херта.

Договорот со Јувентус ќе го раскине шест месеци пред неговото истекување. Оваа сезона Пирло не сметаше на германскиот фудбалер, кој не одигра ниту една минута. Кедира со Херта треба да потпише договор на две и пол години.