Наполи брка негатива од 2:0 против Гранада на „Диего Армандо Марадона“ во реншот од 1/16 финалето од Лига Европа.

Џенаро Гатузо за денешниот натпревар одлучи да ја промени формацијата, да постави игра со тројца централни дефанзивци а Елиф Елмас да го постави како офанзивен крилен бек на левата страна.

Ова е уште една промена на позицијата на нашиот репрезентативец кој во последните неколку месеци за Наполи играше на сите позиции во средниот ред, па сега доби и подефанзивна задача.