Емполи со официјално соопштение реагира на одлуката на здравствената комисија да ги стави во карантин тројцата играчи Леонардо Манкузо, Роберто Пирело и Симон Журковски  поради наводни позитивни тестови на Ковид-19.

Наполи го победи Емполи во Купот на Италија со 3-2, но гостинскиот клуб информира дека Леонардо Манкузо, Роберто Пирело и Симон Журковски имале негативни тестови.

Емполи сега ќе се жали и се надева дека натпреварот со Наполи можеби ќе се преигра, слично беше пред мечот Јувентус-Наполи во Торино, екипата на Елмас не допатува на средбата, првично регистриана со слижбен резултат за „старата дама“, потоа поништена одлуката и натпреварот дополнително ќе се одигра.