Ромелу Лукаку со гол дебитираше за Интер, најголемото засилување на тимот од Милано блесна на првата средба во калчото против Лече.

Лукаку го постигна третиот гол за Интер против Лече и потоа им се „поклони“ на навивачите кои веќе го сметаат за миленик уште по првите 90 минути на „Џузепе Меаца“.