Вчера, бевме сведоци на историска одлука во светскиот фудбал што создаде тектонски пореметувања во Европа.

Синоќа официјално беше формирана Европската Суперлига, а главни поборници за ова ново натпреварување се најбогатите клубови во Европа, како што се Реал и Барселона, Интер, Јувентус и Милан. Ова се едни од 12-те клуба што го сочинуваат ова натпреварување досега.

Но, веќе денес, ова ново натпреварување го доби првиот удар. И тоа е оставка на три клуба.

Според најдобрите европски новинари, тоа се Баерн, Лајпциг и Порто, но сега демантот пристигна директно од Португалија, бидејќи „змејовите“ не ни помислуваат да избегаат од УЕФА, можеби веднаш по обвинувањата дека ќе има казни.

– Немаше контакти, но на тоа не обрнуваме внимание од повеќе причини. Првиот е – Европската унија не дозволува затворени првенства како во НБА, и не можеме да учествуваме во нешто што е спротивно на правилата на ЕУ и УЕФА. Не сум загрижен, се сомневам дека ќе оживее. Ние сме во Лигата на шампионите и ќе бидеме со годините што доаѓаат – изјави претседателот на Порто, Пинто да Коста.

Германците исто така се експлицитно против оваа лига, двата најголеми клуба, Баерн и Борусија Дортмунд, кои се во бордот на директори на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), а за ова зборуваше и извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

– Баерн Минхен и Борусија Дортмунд презентираа 100 проценти идентични ставови во сите дискусии – рече Вацке, и додаде:

– Членовите на Одборот на ЕЦА се собраа во неделата вечерта на виртуелна конференција и потврдија дека одлуката на Одборот од минатиот петок е сè уште валидна. Таа одлука имплицира дека клубовите сакаат да продолжат со спроведувањето на планираната реформа на Лигата на шампионите. Членовите на Управниот одбор на ЕЦА имаат јасен став со кој ги отфрлаат плановите за формирање на Суперлигата – заклучи Ханс – Јохим Вацке.

Освен Баерн и Дортмунд, Лајпциг, како и сите останати клубови се експлицитно против Лигата на Европа.