Танкреди Палмери, спортски новинар од Италија, инаку дописник на БЕИН спорт, а поранешен на Газета Дело Спорт и Си-Ен-Ен, тврди дека УЕФА кон средината на април ќе објави дека единствен организатор на ЕУРО 2021 ќе биде Англија.

Македонија за прв пат обезбеди пласман на ЕП, треба да игра во Романија и Холандија против селекциите на Украина, Австрија и Холандија, но доколку се однесе ваква одлука, своите натпревари ќе ги игра во Англија.

Во јуни се очекува Англија да ги олабави мерките поврзани со Ковид пандемијата, од УЕФА засега изјавуваат дека ЕУРО ќе се одржи според предвидениот план во 12 земји.

Ако му се верува на Палмери, не очекува пресврт, и Англија да биде единствен домаќин на ЕУРО 2021.