УЕФА објави нов формат на Лигата на шампионите, тој треба да стартува  од сезоната 2024/25, но новите настани околу Суперлигата очигледно го забрзаа процесот.

Италијанскиот престижен весник, и добро информиран од кругови на УЕФА, „Газета дело спорт“ тврди дека промените би можеле да се случат порано.

Елитното клупско натпреварување на УЕФА според новиот концепт ќе има 36 тимови, најавата е дека ќе започне порано од предвиденото.