Пеп Гвардиола добил дозвола слободно да размислува за сериозно засилување на составот на Манчестер Сити во летниот преоден рок со една цел, да се врати на врвот во Премиер лигата.

Шпекулациите одат далеку, Лионел Меси е дел од потенцијалните засилувања заедно со соперите Данк и Шкринијар.

Неофицијално, Лионел Меси нема ништо против да ја напушти Барселона и да се проба во Премиер лигата како играч на Сити.

Ова беше најавувано и пред една година а тоа го призна и Меси кој поради неговото семејство и љубов кон Барселона тогаш одлучил да ја одбие понудата на „Граѓаните“.