Дуелот меѓу Меделин и Миљонариос во Колумбија заврши со голем инцидент на крајот, ножеви од трибините летеа по играчите на гостинскиот тим.

Меделин прими гол во финишот од Миљонариос кој победи со 2-1, следуваше „одговор“ од трибините, нож заврши покрај Давид Мекалистер кој за среќа не беше погоден.

Ова не е прв пат на меч во Колумбија да има вакви инциденти, минатата сезона навивачи на Меделин и Атлетико Насионал учествуваа во инцидент на кој беа употребувани и мачети.