Пјер Емерик Обамејанг ќе го продолжи договорот со Арсенал и тој ќе биде најскапо платениот играч кај „топџиите“.

Мирор тврди дека Обамејанг ќе добие над 350.000 фунти неделна плата, со тоа ќе го надмине Месут Озил кој заработува 350.000 неделно.

Обамејанг според информациите ќе стави потпис на нов тригодишен договор, тој во Арсенал е од 2018 година.