Дванаесет најголеми клубови во Европа синоќа го објавија основањето на Суперлигата, затворено натпреварување за 20 клуба кои ќе бидат во директна конкуренција со Лигата на шампионите.

Основачи на лигата се Милан, Арсенал, Атлетико, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем. На нив ќе им се придружат уште три клуба, а овие 15 екипи ќе имаат загарантирано место во лигата. Останатите пет учесници ќе бидат добиени преку квалификации.

Ќе  се играат две групи од десет клуба, а првите четири екипи во секоја лига би влегле во нокаут фазата. Лигата се очекува да оствари заработка од над 10 милијарди евра во првите неколку сезони, а американската банка ЈП Морган веќе објави дека ќе ја спонзорира Суперлигата со 3,5 милијарди евра.

Беше претставен и визуелниот идентитет на новото натпреварување, кое, како што се очекуваше, нема никаква врска со Лигата на шампионите и нејзината веќе култна иконографија.

Натпреварот официјално се нарекува „Супер лига“, а логото на натпреварувањето не е премногу привлечно. Се состои од овие три збора на црна позадина на кои се додава косиот круг од центарот на фудбалското игралиште.