Викендов се играат средбите од 13 коло во ПМФЛ, еден натпревар се игра во сабота, сите останати во недела, терминот е 13 часот.

Во сабота се среќаваат Вардар и Акдемија Пандев, за оваа средба главен судија е Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

Во недела се играат уште пет натпревари, Александар Ставрев ќе го суди натпреварот во Тетово меѓу Ренова и Борец, во Ѓоче Петров се среќаваат Македонија и Шкупи со Марјан Марковски како главен судија.