Во 13:30 часот ќе започне супер – дербито во Премиер – лигата меѓу Челзи и Манчестер Сити.

Познати се стартните состави на мечот кој цела Европа со нетрпение го очекува.

Томас Тухел, стратегот на Челзи се определи за следните единаесетмина: Менди, Аспиликуета, Кристенсен, Ридигер, Џејмс, Канте, Жоргињо, Ковачиќ, Алонсо и во шпицот Вернер и Лукаку.

Пеп Гвардиола и Сити дербито ќе го започнат со: Едерсон, Вокер, Дијаш, Лапорт, Кансело, Родриго, Де Брујне, Бернардо Силва, Грлиш, Жезус, Фоден.