Во рамки на полуфиналето од Лигата на шампионите,вечерва ќе се судрат екипите на Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.

Во официјалните состави, ПСЖ, предводникот Маурисио Покетино се одлучи за следниве единаесетмина кои ќе играат во формација 4-3-3:

Навас – Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Бакер – Гаје, Верати, Паредес – Ди Марија, Мбапе Нејмар

Од друга страна пак, Гвардиола ќе игра во истата формација како и противникот, а на теренот во стартниот состав ќе истрчаат:

Едерсон – Кансело, Диас, Стоунс, Вокер – Де Брујн, Родри, Гундоган – Фоден, Силва, Марез