Интер се огласи повод Суперлигата, клубот од Милано официјално објави дека се повлекува од сите активности во лигата која кратко живееше.

„Интер потврдува дека повеќе не е дел од проектот наречен Суперлига. Ние сме посветени да им го овозможиме на навивачите најголемото фудбалско доживување. Интер верува дека фудбалот, треба да има интерес постојано да го подобрува финансиското функционирање и на навивачите да им понуди најдобри натпревари.“ се вели во соопштението на Интер.

За разлика од Интер, но и Јувентус преку своето раководство, Милан сè уште не се огласил повод новата ситуација.