Напаѓачот на Слован Братислава, Андраж Шпорар, потпиша за Спортинг Лисабон.

Шпорар, кој е роден во Љубљана, со Спортинг договори соработка од 5 години, а во договорот е вметната откупна клаузула во висина од 60 милиони евра.

25-годишниот Шпорар е проценет од transfermarkt.com на сума од 2,5 милиони евра.

Шпорар стана познат откако за 1,5 сезона на 41 средба од првенството на Словачка постигна 41 гол.