Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан се враќа во клубот  како член во извршниот одбор од јануари 20202 година потврди клубот.

Кан (50) потпишал договор на пет години, доаѓа на местото на Карл Хајнц Румениге на кого му истече мандатот во клубот од Минхен.

Претседателот на надзорниот одбор, Ули Хенес изјави дека е задоволен од постигнатиот договор, легендите се потребни за успех на клубот.

„Уверен сум дека Кан е вистинскиот избор, тој е вистински човек кој на клубот ќе му донесе успех“  – изјави Хенес.

Оливер Кан беше голман на Баерн Минхен во периодот од  1994 до 2008 година, запиша 429 настапи, за националниот тим на Германија бранеше на 86 натпревари.