Непосредно пред предвидениот тренинг, опремата конечно стигна, репрезентацијата до 21 година ќе работи за прв пат пред натпреварот со Шпанија.

Шпанците конечно ја ослободија опремата, таа е во соблекувалната на младинската репрезентација на Македонија, тренинг ќе има.

Терминот за тренинг „висеше“, по голема „борба„ на стручниот тим на ФФМ во Шпанија, опремата е „ослободена“  и репрезентативците ги имаат сите улсови за работа.

Дали ова беше само административен проблем или игра на нерви, прашањето ќе остане отворено, секакоостанува горчината дека домаќините не беа баш пријателски настроени по пристигнувањето на У21 селекцијата на Македонија.

Младите селекции на Шпанија и Македонија до 21 година ќе одиграат квалификациски меч за ЕУРО 2021 во Алкоркон на 14. ноември во 19:45 часот.