На патот кон тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер утрово имаше можност да прочита како размислуваат навивачите околку иднината на Пол Погба.

Незадоволството од изјавите и играта на Погба е изразено со „Погба Аут“ натпис на знакот со кој управата на „црвените ѓаволи“ неодамна им забрани на нивните симпатизери да се сликаат на патот кон Карингтон.

Погба сеуште се поврзува со трансфер во Реал Мадрид но оние 180 милиони евра кои ги Бара Јунајтед за плејмејкерот во моментов изгледаат премногу дури и за „кралевите“.