Второлигашот Осогово закажа виртуелен натпревар со Ковид-19, најстрашниот противник кој можеше да го избере во моментов во светот.

Станува збор за карантинско „Ел Класико“, натпреварот „ќе се одигра“ во сабота, потврдија од ГФК Осогово.

Ова е Карантинско “ЕЛ Класико“ во кое нашата одбрана мора да биде цврста и негативна, а вашата поддршка несебична и гласна! Фудбалот се игра за фанови и навивачи и токму ние за вас први ја отвораме сезоната на натпревари.