Македонската футсал репрезентација на крилата на голманот Петровски издржа во Врање и се враќа со бод од дуелот против фаворизираната Србија.

Конечниот резултат беше поставен во текот на првото полувреме, откако најпрво во четвртата минута Србија поведе со голот на Пршиќ. А конечните 1:1 ги постави нашиот репрезентативец Крстевски.

Во текот на овој меч најдобар во макеоднскиот состав беше голманот Петровски, кој имаше голем број одбрани и може да се каже ги доведе до очај српските футсал играчи.

Македонија со овој бод сега има два од три меча и останува во игра за прв пласман на Европско првенство и се наоѓа на третата позиција, но со исто бодови колку и Србија која е под нас и Романија која е над нас. На првото место сигурно изгледа Босна и Херцеговина која има 3 од 3 и вкупно 9 бода.

Со Србија повторно играме во вторник, сега во Скопје.