Милан и Интер утре пред навивачите ќе го презентираат проектот на дизајнерското студио „Популс“ кој ќе ја прави реконструкција на „Сан Сиро“ или кај навивачите на Интер попознат како „Џузепе Меанца“.

Официјалната презентација ќе се одржи претпладне, а изминатите денови излезе видео од 2 минути на кои беа претставени двата проекти како би требало да изгледа овој фудбалски храм.

Според она што можеше да се види во едниот проект стадионот треба да биде покриен со кристали и светла кои асоцираат на пајаците на Дуомо, додека другиот треба да изгледа во вид на испреплетени прстени. На новото здание ќе има и дел за забава и рекреација на обожавателите, додека за управите на клубовите се обезбедени 28- ката во кои ќе се наоѓаат канцелариите на тимовите. Во склоп на овој стадион ќе биде и изграден хотел.

Со овој проект навивачите на двата клуба се надеваат на еден нов почеток, кој треба да ги врати во самиот европски врв како што беа во минатото.